
НИКОЛА ТОДОРОСКИ — „ОПСТАНОК“
Sat 05 Dec
|a&o München Hackerbrücke
На 5 декември, Минхен е следната станица на Никола Тодороски и неговото стендап-шоу „ОПСТАНОК“. Вечер со приказни, остри забелешки и хумор што ги поврзува луѓето преку она што им е заедничко — секојдневието, навиките и ситуациите во кои сите барем еднаш сме се нашле.


Time & Location
05 Dec 2026, 19:00 – 20:30
a&o München Hackerbrücke, Arnulfstraße 102, 80636 München-Neuhausen-Nymphenburg, Germany
About the event
НИКОЛА ТОДОРОСКИ — „ОПСТАНОК“ | MÜNCHEN
На 5 декември, Минхен е следната станица на Никола Тодороски и неговото стендап-шоу „ОПСТАНОК“. Вечер со приказни, остри забелешки и хумор што ги поврзува луѓето преку она што им е заедничко — секојдневието, навиките и ситуациите во кои сите барем еднаш сме се нашле.
Никола е еден од најпознатите ликови на македонската стендап-сцена, со бројни настапи низ Балканот и Европа. Почитуван од колегите и сакан од публиката, тој е препознатлив по искрениот пристап, актерската изразност и непосредниот однос со публиката. Неговата комедија тргнува од лично доживеани и блиски теми, во кои лесно се препознаваат и пошироките слики на нашиот менталитет.
„ОПСТАНОК“ го претвора познатото во смешно: работите што ги прифаќаме како нормални, малите апсурди што ги повторуваме и противречностите што ги забележуваме кај другите, а потешко кај себе. Преку раскажување и комични пресврти, Никола создава простор и да се насмееме на светот околу нас…
Tickets
Влезница
Sale ends
05 Dec, 20:00
Влезница
€25.00
+€0.63 ticket service fee
Total
€0.00
